Рекорд во зголемувањето на цените на горивото во САД

Цената на бензинот постави ново највисоко ниво на сите времиња во САД, при што цените на национално ниво во просек достигнаа цена од над 5 долари за галон.

Непрофитната организација, Американска автомобилска асоцијација, која ги следи цените на повеќе од 60.000 бензински пумпи низ целата земја, националната просечна цена за обичниот безоловен бензин за 11 јуни ја одреди на 5.004 долари за галон за разлика од претходниот ден кога цената за галон изнесуваше 4.986 долари..

Највисоките цени традиционално се забележани во државата Калифорнија, до 6,43 долари за галон, а најниски во Џорџија, од 4,46 долари за галон.

Американците сега трошат 125 милиони долари повеќе на бензин секој ден отколку пред еден месец. додека пак инфлацијата ќе ги чини американските домаќинства во просек дополнителни 14 долари на ден. 

Цените на горивата во САД сега се повеќе од двојно зголемени откако американскиот претседател Џо Бајден беше инаугуриран во јануари 2021 година – кога галон бензин чинеше во просек само 2,39 долари.

Експертите предвидуваат дека секој производ за широка потрошувачка во САД ќе биде под влијание на неконтролираната инфлација. А дека падот на реалната економија сè уште не започнал и дека тој допрва следи.