Левица: Поранешниот дом за згрижување на деца и младинци „Ранка Милановиќ“ оставен во катастрофа

  • Реакција на Левица – ЛО Гази Баба

Советникот на Левица во општина Гази Баба, Орде Маневски, се обраќа и ја алармира јавноста за потребата од итно решавање на уманитарната катастрофа кај поранешниот дом за згрижување на деца и младинци „Ранка Милановиќ“.

Во овој објект има преку 100 незгрижени лица, поголемиот дел малолетници. Отпад во сите правци, хигиена на екстремно ниско ниво, непријатна миризба, недостаток на електрична енергија и чиста вода за пиење и ред други нехумани услови за живот го „красат“ објектот.

За овој проблем Левица има реагирано во повеќе наврати, но одговорот е секогаш дека се работи на проценка на терен и дека во блиска иднина ќе има згрижување за лицата како и санација на објектот. Тоа за жал до сега биле само празни ветувања.

Покрај лицата кои престојуваат во објектот заради нивното незгрижување жителите од околниот реон во општина Гази Баба ги чувствуваат последиците. Често има горење на отпад кој испушта канцерогени честички во амбиентниот воздух, просење од страна на малолетниците, загрозување на сообраќајната безбедност 🚦 и останати социјално загрозувачки ситуации.

Левица апелира до сите надлежни власти, од локално па се до централно ниво, взаемно да вложат максимален напор за овој масивен општествен проблем биде што побрзо решен. Лицата кои се сместени во поранешниот дом „Ранка Милановиќ“ имаат основни човекови права ⚖ и тие ги заслужуваат!