Левица: Со 365 амандмани Левица Кавадарци го блокираше ДУП за зградите Силекс

Date:

  • Реакција на Левица ЛО Кавадарци

Денес, Левица преку советникот Круме Богевски со 365 амандмани ја блокираше предлог-Одлуката за утврдување на ДУП за УЕ 14, Блок 14.6 и Блок 14.7-“Силекс згради”, К.О. Ваташа, Општина Кавадарци за плански период 2021 – 2026 која е ставена како точка на дневен ред за Седницата на Советот која треба да се оддржи во четврток.

До Политичката Партија Левица во тек на изминатите три месеци пристигнаа стотина барања да се блокира овој погубен ДУП, кои покрај трите неуспешни јавни анкети се доволни за да се спречи претворањето на целата населба во една бетонско-асфалтна плоча!

Имено, додека Кавадарци е на врвот на најзагадените градови во Македонија, Општина Кавадарци настојува преку овој ДУП дополнително да им ги намали зелените површини и просторот за рекреакција и детска игра на жителите кај комплексот згради ,,Силекс”!

Граѓани кои присуствуваа на јавните анкети цврсто рекоа НЕ за изградба на патишта околу нивните згради, бидејќи единствено што ќе добијат е значително намалување на зелената површина и губење на паркинг места кои и онака ги немаат во доволен број, со што и дополнително би се загрозила безбедноста на најмладите кои си играат на овој простор!

Целта на овој ДУП е задоволување на потребите на урбанистичката џунгла која се гради од другата страна на реката Луда Мара за која беше изгласан ДУПот, без да се обезбеди пристапно сообраќајно решение, па сега градската администрација сака да го уништи зеленилото на зградите ,,Силекс” за да им обезбеди пристап!

Ваквите урбанистички преседани ги штитат само интересите на инвеститорите, на сметка на гушење на граѓаните! Затоа сметаме дека треба да го искористиме филибастерингот како последна алатка во блокирањето на оваа предлог-Одлука на ВМРО-ДПМНЕ!

Потсетуваме дека Левица во својата програма на овој простор имаше предвидено парк за одмор и рекреација на сите генерации !

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Трамп сака ЕУ да испрати војници во Украина

Се шпекулира дека предлогот за прекин на огнот би...

Тестиран кинески хиперсоничен авион што лета со брзина 6,5 пати поголема од брзината на звукот

Главниот истражувач на проектот изјавил дека станува збор за...

Нигер го забрани Би-Би-Си поради „ширење дезинформации“

Регулаторот за медиуми на африканската држава нареди суспензија на...

Левица: Во кујната во „Кромберг и Шуберт“ продолжува кршењето на работничките права

Пред одреден период, Левица објави за непочитување и кршење...