Апасиев: НАТО води кон тоталитаризам и автократија, а не кон демократија
Лидерот на Левица денес на социјалните мрежи објави податок за македонскиот правосуден систем кој делува вознемирувачки за јавноста. Согласно информацијата која ја објави пратеникот само 1,7% од пресудите во Македонија биле ослободителни.
По влезот на земјава во НАТО, процентот на ослободителни пресуди падна на историски најниско ниво од 1,7%!
Тој додаде дека согласно овој податок ако добиете обвинение веројатноста да добите ослободителна пресуда речиси и не постои.
Тоа значи дека, доколку Обвинителството ве обвини за нешто – имате 1,7% шанса да се одбраните (што е на ниво на статистичка грешка).
На крајот од излагањето Апасиев направи споредба со Авганистан и додаде дека по влегувањето во НАТО пактот, земјата се движи кон автократија и тоталитаризам.
Мислам дека кај Талибанците во Авганистан процентот на ослободителни пресуди е поголем од кај нас.
Ова е само емпириски доказ дека НАТО води кон тоталитаризам и автократија, а не кон демократија.