(Видео) Левица поднесе барање за ревизија на 26-катницата во Карпош и забрана за издавање градежни дозволи

  • Прес-конференција на Мартин Димоски, Советник од Левица во Општина Карпош

Денес, советничката група на Левица во Општина Карпош, поднесе две предлог одлуки, кои се однесуваат на просторот на Деталниот урбанистички план З 05. Токму во рамките на овој ДУП, се наоѓа спорната парцела на која се предвидува 26-катница, а која беше дел од препукувањата помеѓу Јакимовски и ДПМНЕ.

Бидејќи и двата политички субјекта најавуваа дека ќе иницираат постапка за спречување на изградбата на ова монструозно здание, а досега не го направија тоа, ние како советничка група се одлучивме на овој чекор.

Овие две предлог-одлуки се однесуваат на иницирање на ревизија на овој Детален урбанистички план, како и забрана за издавање на градежни дозволи и стопирање на сите отпочнати градежни активности во рамките на овој урбанистички план.

Поаѓајќи од потребите на Карпошани, но и од претходно најавеното, очекуваме за овие предлог-одлуки да гласаат ДПМНЕ и ГРОМ, со што ќе се обезбеди мнозинство за изгласување и конечно одвратување на бизнис интересите од Општина Карпош.