Македонскиот клуб во Бугарија е затворен од страна на Бугарските власти

Речиси истовремено, кога во Битола беше отворен бугарскиот културен клуб именуван по фашистичкиот колаборатор „Ванчо Михајлов”, Македонскиот клуб во Благоевград (на Велигден) е затворен под притисок на бугарската полиција, – соопшти Атанас Кирјаков, на својот фејсбук профил.

Тој напиша дека затворениот македонски клуб бил самостојно финансиран од страна на здружението и истиот се наоѓал во една станбена зграда во Благоевград. Ова, било единственото место каде што Македонците во овој град во Бугарија можеле да се собираат, а тој се сомнева дека клубот е затворен под притисок од полицијата.

Македонците од Благоевград на Велигден останаа без својот Македонски клуб. Македонците од Благоевград до пред неколку дена се собираа на состаноци во својот Македонски клуб во Благоевград. Клубот беше вo станбена зграда, изнајмен под кирија и каде Македонците држеа една мала просторија. Но, сопственикот на просторијата (под притисок на бугарската полициja!?) им соопшти на Македонците да ja напуштат просторијата и така Македонците во Благоевград останаа на улица, без своj простор, каде што може да се собираат и да одржуваат состаноци. Македонците од Благоевград сега се на улица. Дали Македонците од Благоевград ќе имаме во скоро време свој Македонски клуб каде што ќе се собираме и во кој ќе одржуваме состаноци? – само еден Господ знае.