Апасиев: УЧК организирано собира потписи во штаб на ДУИ во Чаир, оти им се може

Денес е недела. Лабав ден. Додека си лежиме по дома, УЧК организирано собира потписи за Бугар Османов у штаб на ДУИ у Чаир. Оти им се може, открива лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

– И после ќе се жалите: “А бе, учките ни ја земаа државата”! Не. Не ни ја земаа. Ние им ја дадовме. Со нашата неактивност. Затоа, уште пред ручек, личната карта у џеб и правец канцеларија на ДИК во вашата општина. Потпиши се за професорката Ванковска! Да. Работат и во недела, до осум вечер – објави Апасиев.

Потписите за претседателските кандидати ќе се собираат до 8 март.