Апасиев потврди: Петар Георгиевски Камиказа – Кандидат за градоначалник на Град Скопје од Левица

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на својата фан страна објави фотографија заедно со Петар Георгиевски – Камиказа, актер, музичар и басист во познатата група Меморија.

„Конечно, се разбравме. ОДИМЕ!
#ЦрвеноСкопјеЦрвениЗнамиња” – напиша лидерот на Левица.


May be an image of 2 people, beard and indoor

„Ајде за арно нека е! За поубаво Скопје!
Тргна возот и нема запирање! Со к’смет да е!” – официјализира Петар – Камиказа на својот фејсбук профил.

Со ова, официјално започнува трката за градоначалник за Град Скопје на Левица, на чело со Петар Георгиевски.

Петар Георгиевски – Камиказа, жива легенда во секој поглед. Урбана скопска фаца, актерски лик, дел од македонската музичка историја, а последниве години и од спортската, поточно  маратонската атлетска фела.

Перо – „Камиказа“  има вистинско семејно богатство: Три генерации на едно место, повеќе од причина за славје и еден тон радост (ФОТО)

Од времето кога го добил прекарот, преку „Трст виа Скопје“, продукцијата на МРТ и театарот на легендарниот Љубиша Ристиќ во Суботица, рок ен рол сцената и „Меморија“, „КЛС“ и ивент индустријата, па се’ до тркачките маратони.
Секаде битен човек, важeн штраф, замаец, движечка оска што ги придвижува нештата, кои резултираат со остварувања и резултати.

Професионално, но и приватно, како посветен сопруг на неговата животна сопатничка, актерката Даница Георгиевска, среќен татко на две веќе возрасни деца – Христина и Христијан.

Линк од фан страната на Петар Георгиевски – Камиказа – Кандидат за градоначалник на Град Скопје