Видео: Еве како ДУИ собира потписи за Османи

Еве како собира потписи за претседател, во овој момент Османи е кандидатот за Претседател кој има собрано најмногу потписи, се вели под видеото објавено на Фејсбук-профилот 99% Macedonia.

-Е, па, македонски народе, ако седиш дома, и не излезеш да се потпишеш за кандидат Македонец, тогаш не ти останува ништо друго освен да се жалиш и кукаш додека од ДУИ ти користат цела држава за лични интереси. Немој после да се жалиш дека кога одиш на доктор не ти одговараат на македонски, немој да се жалиш што по цела Македонија се вработуваат кадри на ДУИ и зимаат плата додека не одат на работа од данокот што ти го плаќаш – се вели во објавата.

По првиот ден, претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи имаше собрано најголем број на потписи.