Мојсоска од Битола: Македонскиот народ во својата генеза ги носи слободарските традиции на АСНОМ

Проследете дел од говорот на Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица и носител на листата со пратеници во ИЕ 5, даден од трибината на народниот собир во Битола.

„Не дозволувајте да ве обземе лузерскиот менталитет на еден послушник на странците олицетворен во ликот на Стево Пендаровски, кој упорно тврди дека Македонија мора да го промени Уставот затоа што како мала држава толку можеме?! Напротив, оваа мала држава раѓала големи херои и државници, кои биле спремни да гинат за идеалите во кои веруваат.

Ние како генерација, не смееме да потонеме во овој авто-колонијалистички менталитет, затоа што тоа им го должиме на Стив Наумов, на Елпида Караманди, тоа го должиме на Вангел Нечевски-Тунелот, на Вангел Тодоровски-Мајорот, на Фана Кочовска Цветковиќ, тоа го должиме на Естреја Овадија Мара.

Ние не смее да потонеме во потценувачкиот менталитет на истрошени европски бирократи, како Жозеф Борел, за кој ЕУ е градина, остатокот од светот е џунгла. Токму од таа градина излегоа најсрамните истории на човештвото, како колонијализмот, фашизмот, нацизмот и империјализмот. И за разлика од европските држави со нивното освојувачко и геноцидно минато, македонскиот народ нема од што да се срами. Македонскиот народ во својата генеза ги носи слободарските традиции на АСНОМ и македонскиот народ секогаш бил на правилната страна на историјата“!