Придружете ни се за едно ново и поубаво Зелениково

  • Соопштение на Левица Зелениково

Лоша инфраструктура, руинирани јавни објекти, запуштени детски игралишта и диви депонии е моменталната слика на Зелениково, после 30 години власт на двете најголеми политички партии.

30 години се задоволуваа личните апетити на политичарите и интересите на локалните моќници, додека општината тонеше во бедотија и сјајот на Зелениково сосема исчезна.

Но Зелениково не беше отсекогаш вакво. Во минатото Зелениково важеше за една од најразвиените земјоделски општини во Македонија, каде преку Земјоделската задруга ,,Слобода” целата општина опстојуваше.

Драги наши сограѓани на Зелениково му се потребни нови луѓе, одговорни и способни. Луѓе кои искрено ќе дадат се од себе за општината да го врати првобитниот сјај.

Затоа ве повикуваме да се придружете на локалниот огранок Левица – Зелениково заедно да се избориме за едно ново и поубаво Зелениково.