Левица: Шесто видео за претставување на Кандидатската листа за пратеници

Од Левица го претставија шестото видео за претставување на Кандидатската листа за пратеници во пресрет на парламентарните избори во Република Македонија.

Носителот на листата во Изборна единица 6, Игор Димески, советник во Општина Центар и координатор на Сектор – енергетика на Левица, повика во одбрана на домот, на семејствата и на нас самите.

,,Најдобар начин да ги казниме корумпираните политички елити е гласање на избори. Да застанеме во одбрана на домот, на нашите семејства, на нас самите. Да ГЛАСАМЕ за Левица!”