Членови на Левица маршираа 10 часа и поминаа 49 километри во чест на Гоце Делчев

По 10 часа одење и поминати 49 километри заврши четвртиот по ред марш во чест на таткото на македонската нација, посочи Саше Јанчев од Левица.

-Годинава со скратена рута поради предизборните активности се пешачеше само делницата Велес – Скопје. Со мене пешачеа другарите Стефан Мицевски и Дејан Риле Ристовски.

-Учителе, сонот за слободна Македонија со широки права на сиромашното население, наспроти сегашната олигархиска Македонија, уште живее.

Вечна слава Учителе, додаде Јанчев.