Димески од Сараќино – Левица со поддршка за земјоделието

Игор Димески, Носителот на ИЕ6, денес зборуваше на две теми од програмата на Левица пред жителите на тетовско Сараќино. Димески говореше за програмските мерки на Левица, кои се поврзани и важни за државата: земјоделието – управување и користење на плодните земјоделски земјишта и трговијата.

,,Програма што ја нуди Левица за земјоделието на овие избори и мудро осмислените проекти, се изготвени според потребите на граѓаните, кои ќе им овозможат сопствен доход и развој. Полог, и полошкиот регион, располагаат со високо-потенцијални земјишта и ресурси од кои цел регион може да се прехрани. Со стратешка, но и домаќинска обработка на површините, Левица нуди: бесплатна анализа на земјиштата, делење на парцели за обработка на млади брачни парови, професионална едукација на земјоделците. Во таа насока посочи итно спроведување на гарантирани цени за прехрамбени продукти. Потребно е итно укинување на мерката за продажба на зелените пазари. Секој граѓанин има право да го продава она што го произвел”, потенцираше Димески.

Димески од Сараќино порача дека преку Програмата на Левица се води грижа за сите граѓани, завршувајќи со апел:

,,Левица е единствена работничка партија, пред сè народна, партија на чесни и неподмитливи политичари, на кои им е најважен народот! Затоа на 8 мај, одлучете Неподмитливите повторно да се борат од Собрание, заокружете број пет!”