Мкд.мк: Во Чаир активисти одат од врата на врата и ги тераат Албанците да гласаат за ДУИ

Активисти на ДУИ деновиве одат од врата до врата во скопската населба Чаир исклучиво кај граѓани Албанци и граѓани од исламска вероисповест и со списоци во раце ги прашуваат за кого ќе гласаат на изборите, што ќе се одржат во среда на 8 мај. Македонците се изоставени од акцијата на ДУИ, се вели во веста објавена од мкд.мк.

Ова го сведочат десетици чаирчани, сите етнички Албанци, кои како што велат се чувствувале буквално принудени да одговараат на прашањата на активистите на ДУИ без притоа да добијат какво било објаснување за изненадната посета. Не добиле објаснување и за, како што велат, дрскоста да бидат прашани за кого ќе гласаат. Тие се исплашени.

„Па тие имаат списоци со нашите имиња. Знаат кои сме, и се соменаваат дали ќе гласаме за ДУИ. Сите семејства во Чаир добро се познаваме. Мене ме посетија во средата, на 1 мај, неработен ден. Ме фатија, како што се вика во пижами. Ме буди синот и ми вика некои луѓе те бараат. Излегувам полусонлив и гледам неколкумина со тетратки и списоци во раце. Добро утро, ние сме од ДУИ, кажи за кого ќе гласаш, ме прашаа тие. Се збунив, а и се исплашив. Тие се на власт, а ние тука во Чаир многу добро ги познаваме кои се што се, а и на што сѐ се подготвени. Викам за вас ќе гласам, за четворка. А добро, така треба, ми одговорија и запишаа нешто во тетратката. Ми се обратија како на куче и си заминаа. Ако ова не е закана не знам што е“, ни раскажа жител од скопската населба Чаир.

Извори од ДУИ од чаирскиот огранок, велат дека Албанците не го сакаат Артан Груби без разлика на тоа што ја има поддршката oд партискиот лидер Али Ахмети. Токму поради тоа, деновиве бил одржан и состанок во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица на кој било одлучено Груби и Беким Незири, претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, да бидат изоставени од јавните настапи во партиските кампањи, а главниот адут, тркач, пред изборите да биде Бујар Османи. Тој ќе биде присустен на сите албански и македонски медиуми. Груби и Незири не уживале поддршка меѓу Албанците. Луѓето знаат дека тие за многу кратко време стекнале огромно богатство, а не го одобруваат.

Прочитајте ја целата вест на мкд.мк.