Силен земјотрес ја погоди Хрватска, се тресе целиот регион
Во Хрватска денеска кај островот Крк имаше земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала.
Според Европскиот медитерански центар (EMSC), земјотресот се случил на длабочината од 10 километри.
Како што сведочат граѓаните на Хрватска, тресењето на земјата се почувствувало низ целата земја, и траело долго.
Земјотресот беше почувствуван низ Кварнер и Проморско-горанската жупанија, но и во Загреб, Шибеник, Истра, Далматинска Загора. Имало и граѓани на Словенија кои пријавиле дека почувствувале земјотрес.
Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ изјави дека засега нема извештаи за сериозни штети од земјотресот што утринава се случи на островот Крк.
Холандскиот истражувач Френк Хугербитс, кој ги предвиде неодамнешните катастрофални земјотреси во Турција и Сирија, во видеото на YouTube објавено пред четири дена рече дека 16 и 17 февруари се критични за „потенцијални големи сеизмолошки настани“ во централниот Медитеран. Тој на картата прецизно ги означи областите Истра, Кварнер и јужна Италија.
Исто така српскиот сеизмологот Ана Младеновиќ изјави дека според геолошките и сеизмолошките истражувања, во подрачјето на централна Србија се очекува земјотрес со јачина од пет степени. Таа за Танјуг објасни дека последниот земјотрес со таа јачина се случил во Краљево во 2010 година и дека е можно енергијата што доаѓа од Турција и Романија да го забрза тој процес.
Инаку целиот регион периодов е погоден од поинтензивни сеизмички активности.
Сто и шеесет последователни потреси се случија од вчерашниот земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала во романскиот округ Горж во Романија. Земјотресот беше почувствуван и во некои градови во Србија.
Уште два послаби земјотреси, со јачина од 3,9 и 3,2 степени, вечерва ја потресоа Романија.
Сеизмолозите апелираат да не се паничи, да не скока од прозорец или да се трча по скалите, туку да чека да помине земјотресот.