Апасиев: Левица е идеолошка партија – останатите партии служат како биро за вработување

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во интервјуто за ТВ 24 изјави дека Левица воопшто не вложува во анќети, сметајќи дека тие служат за креирање мислење, а не за мерење на јавното мислење.

Формално гледајќи, ние сме против анкети бидејќи кај нас анкетите служат да креираат, наместо да измерат јавно мислење затоа што се нарачани, меѓутоа се чувствува атмосферата на кревање на рејтингот на Левица и нас не ни требаат анкети за тоа да го потврдат. Еве еден куриозитет, Левица има нула евра вложено во креирање на јавното мислење за разлика од другите.

Апасиев, понатаму посочи дека самото тоа што Левица континуирано расте и ја добива народната поддршка е потврда сама за себе, дека партијата е на вистинскиот пат:

Внатрепартиски анкети со членството да, но вака да ангажираме анкетари да ни креираат јавно мислење, тоа никогаш го немаме направено. Фактот дека само Левица расте од партиите покажува дека политиката и визијата која ја одбра Левица е правилната, а тоа е строго идеолошка партија, партија која што се држи до левата политика и идеолошки грабе напред, за разлика од другите клиентелистички и боржујски партии кои што се повеќе бироа за вработување без никакви идеологија.“

Претседателот на Левица, во интервјуто истакна дека партијата има своја идеологија по која се води, но и квалитетни, искрени и чесни кадри, нешто по што драстично отскокнува од досега понудените опции на сите досегашни политички партии:

Идеологијата е лепак на една партија. Без идеологија вие сте бизнис, корпорација, не сте партија. Политичката партија пред сѐ, треба да го има идеолошкиот дискурс и јавниот интерес. Тоа Левица го има и нови дечки неискомпромитирани, неподмитливи, без багаж, кои што се борбени, школувани и народот веќе препознава солидна трета опција во нас и секако дека не импонира апсолутно. Од година во година нашиот рејтинг расте додека на СДС, на пример, каде што целиме кон левиот спектар, паѓа. Тие се паднати под 200.000 гласа, ние се креваме над 110.000 гласа и тука е стравот нивни и затоа се сите овие линчови, хајки против нас.“

Во однос на анкетите, Апасиев додаде дека не смета дека тие се позитивна работа, па оттаму, не ги следи:

Кога ќе ги прочитам анкетите ме контаминираат, те ограничуваат. Воопшто не ги следам анкетите.“