Апасиев: За прв пат народот ќе добие автентичен кандидат за претседател

Уште 1/3 од потребните 10.000 потписи и проф. Ванковска ќе се најде на гласачкото ливче. За прв пат Левица и народот ќе имаат свој автентичен кандидат за претседател на републиката, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

-Нема паѓање на кондиција, дечки! Продолжуваме и денес со истата посветеност на терен. Темпото е сигурно и за неколку дена сме до целта – истакна тој.

Претходно беше потврдено дека за четири дена, професорката Билјана Ванковска собрала 6.200 гласа.

-Потпиши се за Ванковска уште денес, повтори уште еднаш Апасиев.