Народен собир на Левица во Скопје

Од 13 часот, кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Скопје, народен собир со граѓаните ќе одржи партијата Левица.

Ова е воедно и централниот настан од кампањата на Левица во пресрет на утрешниот молк, а потоа и чинот на гласање за парламентарните избори во Република Македонија.

Десет минути пред почетокот на настанот, претседателот на Левица, Димитар Апасиев ќе даде изјава за медиумите.