Изложба „Апостолите на современата македонска ликовна уметност“ по повод денот на ослободување на градот Штип, денес во Штип

Денес, 8-ми ноември со почеток од 14 часот во уметничката галерија „Безистен“ во Штип ќе биде отворена изложбата „Апостолите на современата македонска ликовна уметност“.

Изложбата е во организаци на НУ Завод и Музеј – Штип, а по повод 8-ми ноември, денот на ослободување на градот Штип.

На изложбата ќе може да се видат делата на македонските уметници од 20 век – Димитар Пандилов, Никола Мартиновски, Лазар Личеноски, Борислав Трајковски, Љубомир Белогаски, Глигор Чемерски и др.