Ајатолахот Хамнеи: Исламските земји мора да го зголемат притисокот врз САД и Израел

  • Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани и неговата придружна делегација се сретнаа со Ајатолахот Али Хамнеи. Ајатолахот Сејед Али Хамнеи, врховен лидер на ИР Иран, ја истакна потребата да се зголеми политичкиот притисок „врз САД и ционистичкиот режим“ за да се запре бомбардирањето во Газа. Според него, ИР Иран и Ирак треба да играат заедничка улога во оваа област. Ова го пренесува новинарската агенција ИРНА.

Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани и неговата придружна делегација се сретнаа со Ајатолахот Али Хамнеи. Духовниот водач на ИР Иран истакна дека е потребен „зголемен политички притисок од исламскиот свет врз САД и ционистичкиот режим, за ставање крај на геноцидот во Газа“.

Тој додаде дека Ирак, како земја, може да игра посебна и многу важна улога во оваа област со цел „да се повлече нова линија во арапскиот и исламскиот свет“.

Шефот на иранската држава додаде дека „без воена и политичка поддршка од САД, ционистичкиот режим нема да може да продолжи со злосторствата против Палестинците.“

Хамнеи зборуваше и за билатералната соработка меѓу ИР Иран и Ирак, како и натеми поврзани со полето на економијата и безбедноста. Тој изразил искрена благодарност до народот и Владата на Ирак, како и лично до премиерот.