Апасиев ги предупреди службеници од Сектетаријатот за европски прашања: Пазете што потпишувате?

5 -те закони во корист на американската компанија, Бехтел и Енка и нивниот бизнис со проектите за изградбата на коридорите 8 и 10Д; закони кои, со амандмани во Собранието, се блокирани од страна на политичката партија Левица, ќе се носат со европско знаменце, што значи по скратена постапка. За ова денеска на прес конференција информираше, првиот заменик на претседателот на Владата, Артан Груби.

На ова, лидерот на Левица, и пратеник во Собранието на Македонија, профедорот Димитар Апасиев, ги предупреди службениците од Сектетаријатот за европски прашања, да не наседнуваат на играта на Артан Груби и да пазат што потпишуваат, затоа што во кореспондентната табела на Собранието, стојат и нивните имиња и презимиња.

Подолу, во целост можете да ја видете неговата реакција на прес конференцијата на Артан Груби