Ниами: Македонскиот јазик заслужува многу повеќе од симболично одбележување

  • Фејсбук статус на Емил Ниами – македонски лингвист и славист

Симболично да се одбележи Денот на македонскиот јазик! Е, не сакам, бе, симболично! И празникот и јазикот наш ни го узурпираа политичари, политиканти и партиски послушници.

Цела година „шуруваат“ со македонскиот јазик, се пазарат, го влечкаат како мивка по калдрма. Измислуваат разно-разни закони кои се само параван дека прават нешто, повод повторно да се фотографираат за да му покажат на кутриот народ дека се, наводно, патриоти.

Но, немаат мадиња (што би рекол еден од нив) да го донесат и да го спроведат, немаат три чисти да застанат во негова одбрана, туку само нешто заташкуваат пред оние што ни го негираат. Сè дури стоиме неми пред овие силувачи, јазикот ќе ни биде жртва, жртва на којашто на крајот ќе почнат да ѝ откажуваат виталните органи. Ќе умре!