Израелските трупи извршија рација во болница

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во понеделникот наутро започнале „прецизна операција“ во болницата Ал-Шифа во Појасот Газа.

-Операцијата се заснова на конкретни разузнавачки информации кои укажуваат дека дека високорангирани оперативци на Хамас се прегрупирале во болницата и планирале терористички напади, се вели во соопштението на ИДФ, во кое уште се наведува дека при операцијата дошло до размена на оган со палестинските милитанти.

Израел, во текот на војната во Газа, постојано го обвинува Хамас, кој е класифициран како терористичка група од САД, ЕУ, Германија и други, дека ги планира и спроведува своите операции од – или под – болници и други цивилни објекти.

Министерството за здравство на Појасот Газа, кое е под контрола на Хамас, објави дека има мртви и ранети во нападот врз болницата, која започнала во 02:00 часот утрината по локално време.

Очевидци во градот Газа за новинската агенција АФП изјавија дека населбата Ал Римал, каде што се наоѓа болницата Ал-Шифа, била погодена од воздушни напади