Зошто стигнавме до оваа ситуација каде што младите почесто посетуваат казина од спортски терени !?

„Зошто стигнавме до оваа ситуација каде што младите почесто посетуваат казина од спортски терени !?
Коцкањето на младите е сериозен проблем со кој мора да се справи државата, но државата наместо да се реши од казината кои многу млади луѓе и семејства ги стави на раб на егзистенција, тие во казината гледаат профит.
Постои теза дека ако се затворат казината многу фамилии кои добивале плата ќе останат без неа, но зошто го забораваме фактот дека трипати повеќе фамилии се уништени како резултат на коцкањето.
Коцкањето е болест од која мораме да го спасиме општеството, затоа што тие ги уништуваат генерациите кои треба да бидат предводници на промените во нашето општество. Ова коцкање им одговара на елитите, затоа што народ без пари е лесно да се контролира и експлоатира.

Немањето на пари кај младите доведува до навлекување на криминал, тоа значи уништена и неморална младина која и одговара на ваква влада која е коримпирана и неморална … Елитите ја користат државата за да наметнат мртва трка за пари на целиот народ, затоа секој ден е презентирана насекаде пропаганда за лесни пари, но не драг народе тие ви презентираат трка во која само тие се добитници, а ти драг народе ќе чекаш на нивна милост. Тие те деградираат, ти уништуваат фамилија, ти го земаат твоето заработено со пот и труд а ти пак молчиш…

Затоа е време да се разбудиме и да започнеме процес на градење ново општество, која ќе биде градено врз морални и човечки приципи, општество кое ќе створи генерација на просперитет напредок и солидарност, а не како денешнио систем кој е насочено кој стварање зомби генерации кои се че уништат пред себе за да стигнат до пари и успех, кои всушност се лажни идеали кои ги уживаат само 1% од луѓето. Не очајувај борбата е пред нас.
Подобар и похуман систем е можен само со револуција на свеста.”

Фејсбук статус на Давид Златанов – Црвена Младина


Зошто стигнавме до оваа ситуација каде што младите почесто посетуваат казина од спортски терени !? Коцкањето на…

Posted by David Zlatanov on Friday, March 5, 2021