Левица ја фрли ракавицата на буржоаските партии – Проф. Ванковска за кандидат за Претседател

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Левица им фрла ракавица во лице на буржоарските партии и влегува Во Борба на претседателските избори! Во овој историски час, за кандидат за претседател ја предлагаме Билјана ВАНКОВСКА, еминентен левичар кој цела своја професионална кариера е во одбрана на македонската државотворност.

Во борбата за Македонија влегуваме против доминацијата на тројниот пакт СДС, ДПМНЕ и ДУИ, кој континуирано ја разнебитува државата! Во епоха кога македонскиот народ и држава се под силен удар на странските шовинизми и империјалистички политики, се исправуваме пред предизвикот во кој македонскиот народ мора да излезе како ПОБЕДНИК.

Народот не смее одново да си дозволи Претседател кој ќе биде марионета на странските амбасади и вазал на туѓите државни интереси. Одлучно застануваме против секоја неправда и нема дозволиме никој повеќе да нѐ угнетува!

На Македонија ѝ е потребен ДРЖАВНИК кој поседува храброст, умешност и знаење да се справи со предизвиците кои ги наметнува новото време. Време е храбро да се заложиме за себеси како народ, активно да се вклучиме во борбата против безалтернативниот трипартизам и дадеме поддршка на единствениот кандидат за Претседател, кој може да се справи со безбедносните предизвиците и правилно да се позиционира во мултиполарниот свет.

Нашата единствена цел е Македонија да им ја земеме на елитите, како што тие ни ја земаа нам – и да ја вратиме таму каде што припаѓа, во рацете на народот!