Изложбата ‘Дипломати на руската империја на подрачјето на денешна Србија и Македонија’ утре во Музеј на град Скопје

На 8-ми февруари (четврток) со почеток од 19 часот во Музеј на град Скопје ќе се отвори изложата ‘Дипломати на руската империја на подрачјето на денешна Србија и Македонија’

Оваа изложба била прво поставена во Белград. Низ паноа и фотографии ја претставува историјата на руските конзулати во Битола и Скопје од крајот на 19тиот век па се до почетокот на Првата светска војна.