Крмов: Владејачкото мнозинство ги одби предлог-законите поднесени од Левица за лицата со попреченост

Откако Владата на СДСМ и ДУИ вчера одбија да прифатат автентично толкување на Законот за платите со што овозможија покачувањето на функционерските плати од 78% да остане недопрено, денес ги одбија предлог-законите поднесени од Левица, а беа поднесени по барањата на лицата со попреченост. За ова соопшти пратеникот Борислав Крмов, кој на својот профил напиша:

„Владејачкото мнозинство ги одби предлог-законите поднесени од Левица за лицата со попреченост!

Битно кога беше протестот на здруженијата „им изразија поддршка“ и бесрамно се сликаа со нив за реклама.

Предлог-законите беа поднесени на иницијатива на здруженијата и со овие предлози сите додатоци ќе беа зголемени за 78% и помошта во домот и личната асистенција ќе беше зголемена од 80 на 160 часа месечно.

Лажните социјалдемократи имаат пари за се, само немаат за најзагрозените и најмаргинализираните!“