Палестина одбележува 71 година „Накба“

Палестинците денес, еден ден по денот на „независност“ на „Израел“ одбележуваат Накба, што на арапски значи „катастрофа“. Додека Израелците се преправаат дека извојувале независност од британската империја, Палестинците тагуваат по земјата, домовите, културата и животите што ги изгубија овие 71 година под апартхајд режимот.

На овој ден 700 000 Палестинци насилно беа избркани од своите домови, нивните села беа урнати. Додека Палестинците го одбележуваат денот, „Израел“ продолжува да бомбардира цивилни мети во Газа и да краде уште повеќе земја, кршејќи ја онаа сурова шега наречена „меѓународно право“. Пред 71 година Палестинците беа затворени во концентрациони логори, денес и од тоа парче земја се бркани.