Венецуела ги објави загубите од американските санкции
Венецуела губи околу 29 милијарди долари годишно откако САД воведоа санкции врз земјата во 2015 година, изјави заменик-претседателката Делси Родригез за државниот национален канал.
Санкциите првично беа од администрацијата на претседателот Барак Обама, но Родригез рече дека најштетната мерка е ембаргото за нафта воведено од Доналд Трамп во 2019 година, со цел да се изврши промена на режимот во земјата.
„ Од 2015 година, загубата е 232 милијарди долари… што во некои години значеше загуба од 99% од нашиот приход во странска валута “, додавајќи дека санкциите од таа големина се начин за целосно уништување на цели нации. Родригез рече дека овој недостаток на приход значи загуба на животи, храна, образование и здравствена заштита со што се запира економскиот развој на земјата.
Само во Венецуела, САД и нивните сојузници воведоа околу 929 санкции врз земјата откако го прогласија Каракас за „закана за националната безбедност “ во 2015 година.
„ Економската војна против Венецуела значеше систематско кршење на човековите права… Жртва на овие санкции е и приватниот сектор во Венецуела, кој има големи финансиски трошоци – логистиката за еден бизнисмен од Венецуела е многу поскапа отколку на бизнисмен од соседна Колумбија, затоа што финансиските канали и пристапот до суровини се блокирани“, објасни таа.
Родригез истакна дека САД имаат воведено повеќе од 20.000 санкции на 35 земји и моментално се во војна, било економска или вооружена, со целиот свет, обидувајќи се да го осигураат своето идно постоење.
Според аналитичарите во текот на изминатите осум години, Венецуела претрпе една од најголемите економски контракции во историјата на западната хемисфера.