Од ДПМНЕ заклучија дека членството им се намалува поради Левица, па почнаа црна кампања

  • Фејсбук статус на Дарја Мустафаоглу – Советник од Левица во Општина Ѓорче Петров

Ајдеее… од ДПМНЕ пред неколку дена во Ѓорче го ажурирале членството и поделиле членски книшки, арно ама не им се допаднала бројката на членови (која драстично се намалила) и заклучиле дека Левица е виновна за тоа.

Па така, вчера се впуштиле во кампања против Левица, шетале низ Ѓорче и на жителите им објаснувале дека 3 советника ја реметеле цела Општина и 2 пратеника ја реметеле цела Македонија.

Троица советници во Советот на Општината, пазете, ги кочеле промените во Општината, Левица соработувала со СДС и им го ситнела членството. Ај сега вака, на кратко:

1.Не само што не ги кочиме промените во Општината, туку де факто Левица е промената. Левица ви го руши цел терен мирно, тивко граден години наназад за погубни зделки, лоши практики, расипничко цедење на народната каса и уништување на Општината;

2.Чист пример за соработката на ДПМНЕ и СДС е катастрофалниот ДУП за Дексион со 50 нови згради – креиран од СДС, изгласан од ДПМНЕ, за кој Левица да не беше во Советот никој немаше да зуцне и граѓаните појма ќе немаа што им се спрема!

3.Им кажавте ли на граѓаните како заедно со СДС молевте да не се оди на седници, а сепак да се зема паушал (да се крши Законот) и како заради Левица кои единствени застанаа остро против продолжувањето на ваквата пракса – истата прекина!?

4.Вие сте израз на неспособноста! Со апсолутно мнозинство во Советот и 44 пратеника во Собранието упорно Левица ви е крива!?

5.Вашето членство ние не го тегнеме за увце да доаѓа кај нас, ниту пак на некого му нудиме поволности, вработувања и сл. Луѓето си одат поради разочараност од вас и вашата неспособност, сакаат промени, а надеж за промена гледаат во Левица

6.За сите кои не сакаат вакви плачковци кои имаат градоначалник, апсолутно мнозинство и 44 пратеника, а упорно друг им е крив – пристапницата на Левица е лесна за пополнување.