Крмов: ДУИ го третира Кичево како окупирана територија – Ковачевски молчи

Градоначалникот на Кичево, претходно го окупираше градот со албански знамиња, спротивно на Законот за употреба на знамињата, покажувајќи иредентистички намери, минатата седмица отворено најави прослава на „10 години албанска власт во Кичево“, а деновиве почна со организација на „окупациската забава“.

Пратеникот од редовите на Левица, жестоко реагираше на ваквите антидржавни чинови, барајќи одговорност од премиерто, Ковачевски го нарече Кукавица.

Кукавицата Димитар Ковачевски молчи, додека ДУИ Кичево го третираат како освоена територија и Македонците како граѓани од втор ред! Албански знамиња и натписи на албански со наслов: „10 години од албанското владеење на Општина Кичево“ и програма со историски час „Кичево под албанска власт“!?

И не смееме да заборавиме дека 2013 година ДПМНЕ им го подари Кичево на ДУИ, за тие да го уништат и соживотот и градот.

На оваа тема, вчера исто така имаше реакција од претседателот на Левица, кој потсети дека градоначалниците кои водат иредентистичка политика се избрани со помош на гласовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот на Кичево (избран со гласовите на СДС) го преплави градот со знамиња на туѓа држава. Градоначалникот на Тетово (избран со гласовите на ДПМНЕ) го прогласи за втор “албански главен град во Северна Македонија”. И вие уште мислите дека буржоаските партии и мислат добро на Македонија? Ако! Мислете си. И гласајте си ги, – напиша Апасиев.

Главен организатор на „окупаторската забава„ наречена „10 години албанска власт во Кичево“, е во организација на градоначалникот од ДУИ, Фатмир Дехари кој ужива во привилегиите на вториот градоначалнички мандат кој го доби со помош на гласовите од СДСМ. Интересно е да се напомене дека Кичево важи за една од општините со најголемо иселување во државата.