Апасиев: Градоначалниците избрани со помош на СДС и ДПМНЕ водат иредентистичка политика

Македонските Албанци кои на минатите избори се стекнаа со функцијата Градоначалник, а нивниот избор беше со помош на гласовите од СДСМ (Кичево) и ВМРО-ДПМНЕ (Тетово) изминатиов период збеснаа со националистички и иредентистички постапки и изјави.

Градоначалникот на Кичево, претходно го окупираше градот со албански знамиња, спротивно на Законот за употреба на знамињата, покажувајќи иредентистички намери, а минатата седмица отворено најави прослава на „10 години албанска власт во Кичево“.

Додека пак градоначалникот на Тетово, веќе неколkупати претходно даваше спорни и националистички изјави, слични на политиката која ја води, а последна беше вчерашниот испад на фејсбук кога напише „Тетово е главен град на Албанците во Северна Македонија“.

Држава која не може да ги санкционира ваквите националистички и иредентистички изливи, де факто покажува немоќ да го спроведе внатрешниот суверенитет, а СДСМ и ДПМНЕ покажуваат немоќ да влијаат на искажаниот иредентизам од страна на функционерите, нaзначени со помош на нивните гласови.

Во однос кон оваа девијација се огласи Претседателот на Левица, кој напиша:

Градоначалникот на Кичево (избран со гласовите на СДС) го преплави градот со знамиња на туѓа држава. Градоначалникот на Тетово (избран со гласовите на ДПМНЕ) го прогласи за втор “албански главен град во Северна Македонија”. И вие уште мислите дека буржоаските партии и мислат добро на Македонија? Ако! Мислете си. И гласајте си ги.