Кичево окупирано со албански знамиња

  • Реакција на Левица – ЛО Кичево

Како во најцрните денови од фашистичката окупација 1941-1944 така и утрово кичевчани се разбудија под знаме од туѓа држава и све тоа организирано од локалната власт, предводена од ДУИ и помалиот коалиционен партнер СДС.

Воочливо е фларгантно кршење на законот за употреба на знамиња на помалите етнички заедници.

Во единицата на локалната самоуправа во која живеат граѓани припадници на заедницата и се повеќе од 50% од населението.

Според последниот нелегитимен попис организиран и прифатен од ДУИ и помалиот коалиционен партнер СДС во Кичево не постои помала етничка заедница со повеќе од 50% резидентно население.

Според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија.

Ги повикуваме надлежните органи на брза реакција со цел спречување на обид за разгорување на меѓуетничка нетрпеливост.