Закана од уништување на Брегалница – Левица на средба во Караорман и Долни Балван

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Пратеникот Борислав Крмов и членот на Советот на Општина Штип Ангеле Михајловски од #Левица беа на средба со жителите на Стар Караорман и Долни Балван од штипската околина кои се соочуваат со идентична егзистенцијална закана како и речиси сите останати села и населби по теченијата на реките низ државата.

Со децении, речните корита и земјиштето околу нив АД Водостопанство преку погубни концесии ги препушта на експлоатација и уништување. Ископот на песок на овој начин неповратно ја оштетува природата и основните услови за живот на селаните.

Во овој случај, коритото на реката е веќе поместено, променета влагата на почвата и условите за живот во реката се нарушени, додека сѐ повеќе се загрозени и нивите и обработливото земјиште.

На местата кадешто се врши ископ, откако жителите почнале да се организираат против насилничката експлоатација на терен се појавуваат знаци за ограничување на движењето кое ги третира исклучиво нелегалните ископувачи како овластени лица.

Систематското и нелегално уништување на природните ресурси и начинот на живот во руралните и приградски средини за богатење е една од клучните работи кои требаат да бидат веднаш искоренети и казнети.