Ванковска: Ајде да пораснеме и созрееме политички, лидерот треба да чекори со својот народ

Да се разбереме, молам да не се употребува она “мајка на нацијата”, барем кога сум јас во прашање. Ниту е нацијата родена од мене, ниту јас ќе ја третирам како да е дете. Ќе бидеме еднакви и различни во исто време, ќе работиме заедно на татковината. А јас сум мајка само на Марина, Ведрана и Сара, вели Билјана Ванковска.

Истата логика важи и кај избор на “татко на нацијата”, додава кандидатката за претседател на претстојните избори.

-Ајде да пораснеме и созрееме политички! Народот владее преку тие на кои ќе им даде доверба на избори. Лидер може да се биде само ако се чекори заедно со својот народ, а не преку доминација, патернализам/родителство или застрашување. Јас верувам во народна волја (како кај Жан Жак Русо или социјалистите), а не во лидерски принцип.