Левица: Бугаризација на македонското малцинство во Албанија – Ориѓански никаде го нема

  • Реакција на Политичката Партија Левица

Како последица на квинслингшките „добрососедски договори“, во Македонија се отворија портите за агресивна пропаганда, чија отворено искажана и јасна цел е бугаризација на македонскиот народ и македонското малцинство во соседните држави.

Имено, на крајот од овој месец се отвори „бугарско друштво“ во општините во Албанија каде доминантно живеат Македонци. Допочнително, на учениците им се дава парична стимулација за учење на бугарски јазик, помеѓу младите се дели бугарски книги и литература кои наметнуваат туѓ историски наратив, а на возрасните дури им се нуделе и бугарски пасоши, со убедување дека им гарантирале висока заработувачка во земјите на ЕУ.

Исто така, анти-македонистот ВИКТОР СТОЈАНОВ објави видео каде јасно се гледа дека фрлањето на крстот во општина Пустец е проследено со бугарски знамиња! За потсетување, во Тирана постои Македонски културен клуб, каде Владата го постави за директор познатиот владин поддржувач Златко ОРИЃАНСКИ. Според нашите информации, иако Ориѓански им ветувал книги и друга помош на жителите од Корча и Пустец, Македонците од Албанија ништо немаат добиено.

Сета оваа агресивна пропаганда се надоврзува на признавањето на бугарското малцинство во Албанија, откако Бугарија ѝ се закани на Албанија со вето за влезот во ЕУ. Со оглед на фактот што на ниту еден попис во Албанија никој не е изјаснат за Бугарин, јасно е дека ова е уште еден чекор до бугаризација на македонското малцинство.

Левица апелира на итна и неодложна владина реакција насочена кон заштита на македонското малцинство во Албанија согласно меѓународната регулатива! Неопходно е запазување на малцинските права, подобрување на општествениот и социјален статус, како и заштита на националната самоидентификација на Македонците во Албанија, која моментално е во ерозија.

Акциите на бугарските агентури се охрабруваат од вазалноста на врховистичката Влада, а недејствувањето на македонските институции, само уште еднаш ја исфрли на површина децениската системска негрижа за македонските малцинства.