НР Кина го повика САД итно да ги укине санкциите против Сирија

Кинеското Министерство за надворешни работи го повика Вашингтон да ги остави настрана геополитичките опсесии и веднаш да ги укине санкциите за Сирија, со што се отвора вратата за проток на хуманитарна помош во земјата.

Од Пекинг велат дека е неопходно брзо да се реагира за да се ублажат последиците од разорниот земјотрес во земјата каде хуманитарната ситуација рапидно се влошува.

„Американската војска продолжува да ги окупира областите за производство на нафта во Сирија, тие запленија 80% од сириската нафта и ги шверцуваа или уништила сириски резерви на жито. Сето ова ја влоши хуманитарната ситуација во Сирија“, соопшти Министерството.

Од кинеското МНР потсетија дека воените напади и санквиите вршени од страна на САД во сирија предизвикаа многу цивилни жртви изминативе години.

„САД се вклучени во сириската криза долго време, честите воени напади и силните економски санкции предизвикаа многу цивилни жртви и го лишија сирискиот народ од правото на постоење“, заклучија кинеските власти.