(Видео) Ленка: Самоволие од штипски директор кој се заканува на новинар

Директор на штипското јавно водоводно претпријатие, Здравко Коцев, на новинарска екипа се заканува дека тие се тука за него, а не тој за нив и дека ако сака ќе им ја исклучи водата.

„Самоволие и закани во Штип. Откако фирмата Баргала (поврзана со градоначалникот Сашо Николов) отпушти 100 вработени, сега директор на јавно претпријатие се заканува на новинари! Директорот на ЈП Исар, Здравко Коцев, насилничко се заканува на новинар од ТВ Стар дека ќе му ја исклучел водата. Хибриден РЕЖИМ на дело!” – вака реагираше Друштвото за социјална правда „Ленка”.


„Зарем вие мислите дека јас сум ороспија и дека треба на вас да ви давам кога ќе посакате … зошто ми се јавувате во секое време. Ти ли беше тој што вчера ме бараше? Абе на вас не ли ви е јасно дека вие сте тука за мене а не јас за вас.
Што сакам ќе правам, ако сакам ќе дојдам и водата ќе ви ја исклучам.”


Видео од прилогот на „ТВ Стар” за директорот Здравко Коцев, кадар на СДСМ и поранешен кандидат за градоначалник на Штип: