Биди дел од баукот кој кружи над нацијата, порачаа од Црвена младина

Вчера се одржа Втората годишна конференција на Црвена младина со присуство на претседателот на #Левица, проф д-р. Димитар Апасиев, претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, гости од младински организации од Србија и Хрватска, останати членови на президиумот на Левица и многу млади членови на Левица, каде што имаа можност да слушнат инспиративни пораки кои служат како постојан поттик во нашата борба но и плодни идеолошки дискусии кои ни служат како водилка.

Претседателот на Левица, проф д-р. Димитар Апасиев истакна дека Левица е партија на младите и тие млади се моторот на Левица кои секогаш се присутни на барикадите кога е најпотребно. Притоа додаде дека Левица ќе продолжи да биде единствениот глас на младите и единствениот нивни застапник во институциите.

Во вториот дел од конференцијата преку панел дискусија, претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска имаже можност интерактивно да дискутира за најгорливите проблеми на младите денес. Професорката потенцираше дека идниот претседател на Македонија треба да биде некој кој конечно ќе ги слуша младите и заедно со нив да работи на нивно задржување тука.На конференцијата беше истакнато за зголемената меѓународна сорабокта на Црвена Младина, за што говори и присуството на гости од СКОЈ, Србија и Млади Социјалисти, Хрватска, меѓутоа и бројните честитки кои стигнаа од нашите интернационални пријатели од Ирска, Норвешка, САД, Романија, Србија, Хрватска.

-Црвена младина е единствениот политички подмладок кој има раст во Македонија,кој автентично ги артикулира проблемите на младите но и се бори институционална промена. Преку Црвена Младина, на младите повторно им стана кул да се политички активни. Не зборувај за промена. Направи ја. Биди дел од баукот кој кружи над нацијата!