Ние го викаме ЕГЗОДУС тие го имаат НАКБА (Nakba)

  • Фејсбук статус на Реџеп Исмаил Хактан – член на Президиумот на Политичката Партија Левица

ЕГЗОДУС-от на Македонците од Егејска Македонија, чија кулминација се случува за време на Граѓанската војна во Грција од 1946-1949 година, кога грчките монархофашистички власти започнуваат масовно протерување и геноцид врз македонското население од Егејска Македонија кое учествувало или го помагало НОФ и комунистичкото движење. Се претпоставува дека околу 500 илјади Македонци се протерани од своите домови или убиени во Егејска Македонија.

НАКБА, или по наше, “ГОЛЕМАТА КАТАСТРОФА” е термин со кој се опишува егзодусот на повеќе од 700.000 (околу половина од тогашното предвоено население) Палестинци во 1948-ма година, кога избегаа од своите домови како последица на стравот и трепетот пред варварскиот налет на израелски милитанти, кои одејќи од село во село, не бирајќи воопшто ниту деца, старци, жени, ги собираа на јурија и со автоматски пушки стрелаа се живо.

Егзодусот беше централна компонента на разбивањето, обесправувањето и раселувањето на палестинското население, национален дух и се она што го прави едно општество. Сето ова е познато како Накба, при што беа уништени помеѓу 400 и 600 палестински села и 10 града, каде селските бунари беа затруени според програма за биолошка војна и имотите на избеганите беа ограбени или дадени на фамилии со членови на милитантите, направено беше се само за да се спречат палестинските бегалци да се вратат. Понатаму имињата на локалитетите беа хебреизирани што сето ова исто така се однесуваа и на поширокиот период на самата војна и последователното угнетување кое трае до ден денеска.

Македонците и Палестинците немаат само слична трагична судбина и минато, тие имаат и заеднички душман кој директно е виновен за страдањата на овие два народа и историската неправда која ден денеска ја трпат овие два народа – Британската држава.

И во обата случаи каде се извршени овие два егзодуса на двата народа окупаторот е подбутнат од Британската држава: Егејците беа полевани со напалм бомби на британските полоти, Палестинците беа оставени со голи раце додека Британската држава се повлекуваше од Палестина веднаш откако заврши со преселба на своите Евреи од Британија во Палестина.