ИР Иран: Доколку Израел не престане со воените злосторства ќе следи реакција

ИР Иран го предупреди Израел дека сите страни во регионот се подготвени да дејствуваат доколку Израел не ја прекине својата агресија врз Палестинците, објави во неделата полуофицијалната новинска агенција Фарс.

„Ако ционистичката агресија не престане, (мора да знае) дека прстите на сите страни во регионот се на чкрапалото“, изјави Mинистерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Во продолжение тој додаде дека зад случувањата во регионот и нивната ескалација директна одговорност имаат две држави, САД и Израел.

„Одговорноста за можното отворање на нови фронтови на отпорот во регионот и каква било ескалација на денешната војна е директна одговорност на САД и ционистичкиот режим (Израел)“, рече Амирабдолахиан.