Крмов: ВМРО-ДПМНЕ обезбеди кворум за Законот за државјанство

Спорниот закон за државјанства со 57 гласови „ЗА“ е усвоен во Собранието на Република Македонија. За тоа, како што вели пратеникот Борислав Крмов, заслужни се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои обезбедија кворум на седницата.

„Денес ВМРО-ДПМНЕ им правеа кворум на СДС-ДУИ-ААА за да го донесат Законот за државјанство, со кој ќе се штанцаат 70-80.000 државјанства пред пописот! 57 пратеници беа ЗА (СДС+ДУИ+ААА), што значи, ако пратениците на ДПМНЕ излезеа од сала, законот немаше да се гласа. Први сте на коњи за маскенбал ама папучите ви ги носи Алијанса и Алтернатива. Најубаво избришете и буквите ВМРО од името и самораспуштете се!” напиша Борислав Крмов на својот Фејсбук профил.

Претходно претседателот на Левица, Димитар Апасиев изјави дека со овој закон ќе се направи буквално косовоизација на Македонија со тоа што пред самиот попис вештачки ќе се зголеми бројот на Албанците за 60 илјади лица што пак потоа ќе биде искористено за федерализација на државата.