Медиумски мрак: Телевизиите против Левица во борбата против воведување 12 часовен работен ден

Владата во полна пареа преку Собранието се обидува да ги реализира измените во десетина измени во законските решенија со кои на конзорциум „Бехтел и Енка” им се овозможуваат привилегии кои се спротивни согласно позитивно-правните норми во државата и се косат со Уставот на Република Македонија.

Овие измени се однесуваат и на Законот за работни односи, за кои, како што вели пратеникот Апасиев СДС го укинува вековното работничко право за 8 часовно работно време.

Овој штетен закон за работниците Левица го “бомбардира” Бехтел-Енка и со над 1000 поднесени Партијата направи филибастеринг и го блокираше предлог законот. Овој закон за експлоатација на работниците останува закочен до денес поради амандманите на Левица.

Националните телевизии, кои имаат демократска должност медиумски да ја пренесат информацијата за она што се случува во Собранието, одбиваат во своите информативни блогови да споменат дека Левица е партијата која застана на страна на работниците и го блокираше овој закон. Тие користат различни фразеологии со цел да се избегне споменувањето на Левица. Главна причина за ова од партијата сметаат дека е тоа што тие го блокираа и Предлог-законот за медиуми, кој овозможуваше легален поткуп на медиумите од страна на Владата.

Иако националните телевизии веќе со месеци не ги пренесуваат вестите и соопштенијата на Левица, сепак постојат работи за кои не можат да го занемарат учинокот на партијата, како што е по однос на измените во Законот за работни односи. Пратеникот Апасиев по однос на тоа како медиумите ги пренесуваат вестите за работата Левица, саркастично ги исмеа и напиша:

Како изгледаат централни вести на приватна национална телевизија, без да се спомне Левица: “Едни двајца пратеници, од една опозициска партија, со над 1.000 амандмани ги блокираат измените на Законот за работни односи со кои Македонците ќе работат по 12 часа на ден”

Останува да видиме дали медиумите и во иднина ќе продолжат да информираат во духот на тоталитаризмот далеку под минималните демократски стандарди.