Почетокот на нашата борба почнува со потпис за Ванковска

Додека јас чесно и вредно работев во својата професија, наивно верувајќи дека сите така треба да прават, тие, политичките елити, 30 години немилосрдно крадеа, крадеа, крадеа, вели Јована Стефановска.

-Додека јас воспитував чесни и вредни деца да бидат добрата иднина на оваа земја, тие, политичките елити ни ги уништуваа образованието, здравството, судството, државата. И сето тоа не им беше доволно, па почнаа да ни го распродаваат името, историјата, националните богатства, вели таа.

Тефановска смета дека со нејзината животна приказна ќе се поистоветат многу граѓани.

-Затоа време е да им го покажеме нашиот огромен револт и да ги отстраните засекогаш од нивните водечки функции. Почетокот на нашата борба со нив почнува со потпис за поддршка за проф. Ванковска. Мојата борба е заедничка борба на сите чесни луѓе, вели Стефановска.