Ванковска: Ако „не можете да заспиете“, тогаш проверете ги сите линкови на мојот профил

Ако ми ја мерите научната тежина , барем проверете ги сите линкови до академски платформи на мојот профил. Сите се достапни и после споредувајте ме кога “не можете да заспиете” , вели претседателскиот кандидат проф. Билјана Ванковска.

Таа беше испровоцирана од инсинуациите искажани на нејзина сметка во емисијата „Заспи ако можеш“ на ТВ Алфа, каде во Ванковска е поставена во пежоративна положба во однос на нејзината колешка, а воедно и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова.

-Не е штосот кој кого цитирал, туку колку сме биле цитирани од странски автори, во светот. И колкаво влијание сме имале во полза на Македонија, дополни Ванковска.