Јубилејни тези за иднината на Македонија

Date:

Реџеп Исмаил (Хактан)
Президиум на Левица

Поминаа две години од референдумот кој властодршците не го испочитуваа, и наспроти волјата на народот тие ја спроведоа политката (читај волјата) на империјалистичките (еуро-атлантски) сили. Од денешен аспект, веќе е кристално јасно дека ваквиот чин на агресија од страна на еуро-атлантскиот блок кон Македонија, односно задачата за ПОЛИТИКАНСКО оправдување на ваквиот чин дома беше само лотарија помеѓу двете – на домашен терен спротивставени – проминиенции од политичката елита на земјава.

Всушност, дури и оние малку упатените знаат оти самата промена на државното име не е некаква си анахрона појава, тоа не е историски инцидентен настан, напротив, ваквата немила реалност има совршена хронолошка смисла. Иако, главната опозиција сега тоа сака да го претстави токму како некаква си грешка во историцизмот од општествениот развиток на државата – од осамостојувањето до денеска. И токму ова е совршен пример за контра-продуктивен популизам; популизам кон кој се пристапува НЕ заради иднината на народот, ами заради своите елитистичко-политички аспирации и кој има многу краткорочен и ограничен домет; и конечно, популизам кој е опасен токму по сплотеноста на народот, затоа што може да го прелаже самиот народ и да го разнебидни отпорот изграден преку кампањата #Бојкотирам.

Морам да подвлечам дека на ова размислување ме поттикна ТВ гостувањето на новиот член на ИК на ДПМНЕ, военото лице Ковачки, кој онака, без политичко искуство, типично војнички (ама како поразен војник), со изнесените ставови ни нацрта дека ДПМНЕ од процесот во борбата за власт повеќе се секира за аминот од меѓународната и многу повеќе работи на добивање на тој амин, а пак што се однесува до аминот од народот…тој како и да е ќе дојде од немај-каде, нели. Ковачки на моменти дури и покажа невероватна жестина при компетицијата со сегашната врхушка во тоа кој е поголем „атлантист“?!

Тој онака, како горд учесник во одбраната на татковината од 2001 година (да не речам како генерал Стојанче) декларираше дека САД и НАТО (агресорот во таа војна) ни се стратешките партнери и тука нема друго. Ма тој отиде до таму што дури и се обиде да ги „успокои“ масите, дека ДПМНЕ не било „русофилско“ а ниту „србоманско“ (?!) и дека повеќето членови од раководството биле школувани токму на запад (па тоа е и проблемот бе полковниче!). Искрено, после ова издание на ДПМНЕ, целосно ми се разјасни зошто шарените ботови во време на кампањата за референдумот главен аргумент им беше „името ли ќе ви ги храни децата“. Тоа да ти било оти ние сме немале алтернатива, ние сме немале опозиција!

После сѐ , можеби и добро е што промената на државното име беше шамар кој го пробуди народот. Но сега, освен честитките за неговите поставени црвени линии и пружениот сплотен отпор, треба да му се исцрта и суштината на проблемот како одговор на тоа зошто неговиот отпор не успеа; оти тој беше изгубил уште многу пред референдумот. Можеби веднаш по промената на знамето; или пак најмногу изгуби токму при приватизацијата; при влегување на странскиот капитал; при инкорпорирање на Рамковниот Договор; при територијалната поделба – од распадот на Југославија па до денес народот постојано губи!

Оттаму, треба јасно да се исцрта патот на акцијата која треба да биде превземена до победата – ОТПОРОТ да прејде во АКЦИЈА. Но, за ова народот треба да биде спремен, оти тој е најсилното оружје против шовинизмот и империјализмот, воедно и најголемиот капитал и потенцијал за промени на сѐ она што не чини во внатрешноста на неговата држава. А пак за да тој биде спремен И волен за ваков предизвик, нему треба да му се каже вистината: аспирациите кон НАТО и фамозното стратешко партнерство со САД се инкопатибилни со суверенитетот, територијалниот интегритет, унитарноста и независноста на Република Македонија! Напротив, дотолку повеќе тие се штетни.

Ваквата наша државна стратегија, на апсолутна сервилност кон евро-атлантските интеграции, очигледно е промашена целосно и истата е директна причина за подредената состојба во која Републиката се наоѓа во овој момент. Имено, токму нашето слепо следење на „советите“ кои доаѓаа преку разни меѓународни владини, невладини, експертски, политички, академски и слични институции, нѐ доведе до состојба каде прво, државата го изгуби својот капацитет и улога во одредување на редот и организацијата на заедничкиот живот – тоа беше препуштено на т.н. слободен пазар, односно капиталот (читај странскиот атлантски) – а сега, како последица на првиот процес, веќе гледаме како и самата држава и правото на државност, како песок се лизгаат меѓу прстите на македонскиот народ.

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Трамп сака ЕУ да испрати војници во Украина

Се шпекулира дека предлогот за прекин на огнот би...

Тестиран кинески хиперсоничен авион што лета со брзина 6,5 пати поголема од брзината на звукот

Главниот истражувач на проектот изјавил дека станува збор за...

Нигер го забрани Би-Би-Си поради „ширење дезинформации“

Регулаторот за медиуми на африканската држава нареди суспензија на...

Левица: Во кујната во „Кромберг и Шуберт“ продолжува кршењето на работничките права

Пред одреден период, Левица објави за непочитување и кршење...