(Видео) Правосудството инфицирано со кадри на ДУИ, непотизам и корупција – Левица има решение

  • Претседателот на #Левица проф. д-р Димитар Апасиев во емисијата ,,Аргумент плус’’:

 ,,Не е секогаш проблемот во законите, постојат инструменти по кои тие можат да постапуваат, но, корупцијата е главен проблем.

Да ѝ одговориме на американската губернаторка каде се парите за реформата во правосудството: Да бидеме на чисто, почитувана Амбасадорке, парите се кај терористите на ДУИ кои во 2001 година ги вадевте со автобуси од Арачиново.

Сите проблеми во правосудството произлегуваат од кадрите на ДУИ. Преку Управен суд пробуваат рудниците на смртта да ги активираат. Во Врховниот суд доминира албанското малцинство – квоти ставаме во правосудството, што е недопустливо.

Решливи се проблемите!

 Судството и обвинителството не се исти – обвинителството е дел од извршната власт. Најголемиот проблем кај нас е во Уставот, т.е. трајниот мандат на судиите. Треба да го вратиме југословенскиот модел за ограничен мандат на судиите. Девет години мандат, и толку, без право на реизбор со можност за напредување во апелациските и врховните судови.

Истотака, ние немаме специјализиран судови. Пробуваме тоа да го направиме со Управниот суд, додека порано сме имале стопански и прекршочни судови кои се сега сведени на одделенија.

Еден изразен симптом на системот е и непотизмот. Имате мајка судијка, син адвокат, татко кој е обвинител а ќерката нотар. Во светот не постои таков феномен, барем на ниво на апелациони подрачје не смее да се појави роднина во суд каде судат мајки, татковци и слично.

Крајно, потребна е и проверка на имотот на судиите. Во Повардарието имаме примери за претседатели на судови кои имаат хациенди од милиони долари.’’