Ванковска: Ќе понудиме агенда од која некои амбасади ќе се вознемират

Генерално прашањето на мирот на стабилноста зависат од една сосем различна антимилитаристичка верзија на светот и ние сме тргнати во погрешна насока, вели проф. Билјана Ванковска, кандидатка на Левица на претседателските избори.

– Мислам дека ние ќе понудиме една агенда, една визија, која можеби многумина шокира, некои амбасади ќе вознемири, меѓутоа тука сме за да вознемириме и да кажеме дека постојат алтернативи – истакна Ванковска.