Левица го победи балистот Кренар Лога

  • Соопштение на политичката партија Левица

Обидите за дезинтеграција на македонската нација и држава, преку сецесионизмот на т.н. ‘албански партии’ кој го дозволуваат СДС и ДПМНЕ, со крајно десничарски и нацистички практики за сегрегација и поделба на општеството – со поткопување на концептот за една држава ЕДНА НАЦИЈА, се оди на редефинирање на државниот концепт преку апартхејдски политики. #Левица одлучно се спротиставува на овие погубни процеси.

Откако Левица, преку претставки до Уставниот суд, го оспори Упатството за водење матични и Законот за матичната евиденција, Уставниот суд донесе времена мерка во изводите на родени, венчани и умрени да не се впишува националност, а денес донесе конечна одлука – повеќе нема впишување на националност во изводите како крајно протисуставна досегашна пракса.

Со ова, Левица и Уставниот суд задаваат удар на етно-трибализмот, кој во недостиг на идеи за подобрување на животот на граѓаните и со цел разградување на македонското национално единство, го промовираат криминалните партии ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците, а кои преќутно го поддржуваат анти-македонската СДС и лажните патриоти од ДПМНЕ.

Потсетуваме дека ваков обид да се вметне етничката припадност во личните документи, власта на СДСМ и ДУИ – за што имаше и согласност од останатиот член на широката коалиција ВМРО-ДПМНЕ – имаше со Предлог-законот за лични карти, кој пратениците на Левица во Собранието го блокираа преку филибастеринг, поднесувајќи над 1200 амандмани.

Овие неуставни одредби во Законот за матична евиденција датираат од 1996 година, но никој досега пред Левица не се осмелил да се спротистави на оваа анти-европска и дискриминаторска практика на впишување на етничката припадност на граѓаните во јавните исправи. Со појавувањето на Левица на политичката сцена, конечна има партија која се спротиставува на обидите за спуштање на македонската нација на ниво на етникум, со што постепено се одзема нејзиното право да управува и ја развива и унапредува својата национална култура и посебност на оваа територија за чија слобода се дадени безброј жртви.

Го поздравуваме Уставниот суд за ваквата одлука и бара што поскоро да донесе конечни одлука и по другите иницијативи на Левица со кои бара заштита на унитарноста и Уставот на Република Македонија!